Здравје

Како треба да се храниме за да доживееме стотка?

Лицата кои консумираат повеќе вегански или растителни протеини можат да бидат подолговечни од оние кои ги внесуваат во организмот од месото, покажале резутатите од јапонското истражување. Помеѓу лицата кои во својата исхрана ја замениле консумацијата на само четири отсто од месните преработки со исхрана базирана на растителни протеини забелжана е 46 отсто помала веројатност од смртен исход од било која причина!

Во склоп на студијата научниците во период од 20 години следеле 71.000 возрасни Јапонци на средни години.

Во споредба со лицата кои консумирале најмала можна количина растителни протеини, кај кај испитаниците кои консумирале најголема количина во текот на студијата е забележана помала веројатност од смртен исход и 16 отсто помала веројатност од смртен исход од кардиоваскуларни болести.

Претходните истражувања покажале дека поголемата потрошувачка на животински протеини се поврзува со зголемен број хронични болести и смртни исходи, додека поголемата потрошувачка растителни или вегански протеини е поврзувана со помал ризик од наведените резултати. Но повеќето од тие студии се спроведени помеѓу припадниците на западната популација кај која потрошувачката на животински протеини е многу поголема од консумацијата на оние растителнитерекол д-р Френк Хју, раководител на одделот за нутриционизам на харвардскиот факултет за јавно здравје T.ХЧен во Бостон.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Кои намирници е помудро да се јадат сирови?

saso user

Зошто е важно да ги планирате вашите оброци?

saso user

Природни состојки за кревање од мртви

saso user