Број на текстови објавени денес: 79
Сцена

Шмркав, изневерував, но не сум лажливка: Сурово искрена порака на Мајли по крахот на бракот ФОТО

Пејачката Мајли Сајрус (26) решила да ја отвори душата и првпат се огласила по разделувањето од својот сопруг Лиам Хемсворт (29). Музичката ѕвезда демантирала во своето соопштение кое го објавила на социјалните мрежи дека го изневерувала популарниот актер и изнела некои непознати детали од својот живот.

„Можам да прифатам дека животот кој го избрав значи дека мора да живеам отворено и транспарентно со моите фанови, кои ме сакаат, и со јавноста, 100 отсто од времето. Тоа што не можам да го прифатам е да се каже дека лажам за да заташкам злосторство кое не сум го направила. Немам што да кријам“, почнала Мајли.

„Не е тајна дека сум се забавувала во моите тинејџерски и рани 20-ти години. Не само што пушев, се заговарав за марихуаната, експериментирав со дрогата, мојот најголем хит тогаш беше за играњето на таблети и шмркањето на линии (кокаин) во тоалетот. Ги упропастив врските и секогаш изневерував во врските кога бев млада. Изгубив голема работа со „Волмарт“, затоа што пушев од бонг. Бев исфрлена од хотел Трансилванија, бидејќи на Лиам за роденден му купив торта во облик на пенис и ја лижев, гола се лулав на топка за рушење (веројатно сум единствената жена во историјата)“, напишала Мајли и продолжила:

„Но, вистината е, дека кога Лиам и јас се смиривме, јас бев посветена. Немам никакви тајни тука да откривам. Научив од секое мое искуство во животот. Не сум совршена, не сакам да бидам, здодевно е. Пораснав пред вас, но суштината е, дека пораснав. Можам да признаам многу работи, но одбивам да признаам дека мојот брак завршил поради тоа што сум изневерувала. Лиам и јас бевме заедно една деценија. Тоа сум го кажала претходно и тоа останува точно, го сакам Лиам и секогаш ќе го сакам. Но, во овој момент морам да донесам здрава одлука и да го оставам зад себе претходниот живот. Јас сум најздрава и најсреќна веќе долго време. Можете да ми кажете дека сум девојка која тверка, која пуши марихуана, но не сум лажливка“, заклучила Мајли.

FOTO: Instagram/Printskrin

ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Карди Би откажа настапи поради компликации по пластична операција

saso user

Нина Бадриќ ја покажа јахтата од 400 милиони евра која е во сопственост на најбогатата Србинка ФОТО

saso user

Сопругата на Рамос гола пред камерите: Се појави снимка од стриптизот на Пилар Рубио ВИДЕО

saso user