Спорт

Шестмина повредени од удар на гром за време на турнир во голф

За време на турнирот во голф во Ист-Лејк (Атланта, САД), во текот на вчерашниот ден молња удри во дрво. Од громот повредени се шест лица, објави „Скај њуз“.

Пријавено е дека пет мажи и една девојка се криеле под едно дрво од дождот. Тогаш удрил гром. Повредените се однесени во болница во свесна состојба.

Според последните информации од Атланта сите повредени се надвор од животна опасност.

Поради инцидентот, турнирот мораше да биде прекинат. Натпреварите треба да продолжат денес.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Лејкерс го надигра Чикаго Булс и ја прекина серијата порази

saso user

Зидан: Во Реал има многу играчи, кои можат да донесат пари

saso user

Минимална победа за Шкендија во дербито со Вардар

saso user