Број на текстови објавени денес: 71
Македонија

Хуманитарна акција за првачињата од социјално ранливи семејства

Општина Гостивар од утре започнува хуманитарна акција под мотото „Со срце дарувај, ученик израдувај“ за прибирање училишен прибор за првачињата од социјално ранливи семејства. Акцијата ќе трае до 5 септември, а донациите ќе се прибираат во книжарници и маркети низ градот.

– Нашата идеја е да внесеме радост кај првачињата, чии родители немаат можност да им го обезбедат приборот што ќе им биде потребен за на училиште. Граѓаните кои се можност да издвојат од нивните буџети, донациите ќе може да ги оставаат во посебни кутии, предметите потоа ќе бидат распределни по училиштата и на учениците кои имаат таква потреба. Апелираме до гостиварци да ја поддржат акцијата и да ги олеснат првите школски денови на посиромашните сограѓани – вели раководителката на Секторот за образование Аслијан Снопче.

Посебни кутии за донирање на училишен прибор од утре ќе бидат поставени во маркетите на неколку локации кои во овој период се посетени за набавака на училишен прибор и опрема во маркетите на „Монтенегро” и “ЕТЦ” , и во книжарниците: „Европа”, „АС”, „Култура-Гос”, „АБЦ” и „5 Плус”.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Османи: Северна Македонија ги почнува преговорите годинава

saso user

Мијалков денеска ќе го испрашува сведокот Звонко Костовски

saso user

Чекање од 10 до 30 минути на ГП Богородица и Табановце

saso user