Свет

Русија ќе разгледа евентуален повик за влез во Г7 на следниот самит во САД

Кремљ ќе размисли за повик до Русија за учество на следниот самит на Г7 во САД доколку го добие – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„На прес-конференцијата, претседателот Путин веќе одговори дека ако (поканата) пристигне, ние дефинитивно ќе ја разгледаме“, рече Песков.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп во Биариц изјави дека е „сигурно можно“ Русија да биде поканета на следниот самит на Г7, што ќе се одржи во САД.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Европскиот Парламент бира европски правобранител

saso user

Маркл и принцот Хари го покажаа синот за Денот на татковците (ФОТО)

saso user

Изгореа над 200 куќи во пожар во Перу

saso user