Број на текстови објавени денес: 77
Сцена

Парите не можат да купат здравје: Тејлор Свифт ѝ напиша емотивна песна на својата мајка која по вторпат се бори со ракот ВИДЕО

Пејачката Тејлор Свифт неодамна го објави седмиот по ред студиски албум под називот „Lover“. Една од песните која на фановите најмногу им го привлече вниманието е „Soon You’ll Get Better“. Нумерата Тејлор ѝ ја посветува на својата мајка која по вторпат се бори со карциномот.

„Очајните луѓе ја пронаоѓаат верата, па сега му се молам на Господ. Но, со кој ќе зборувам? Што да правам, ако тебе те нема“, пее Тејлор Свифт во новата песна.

Пред четири години пејачката изјавила дека има семејни проблеми и дека двајцата нејзини родители се борат со ракот, но и дека нејзината мајка Андреа Свифт повторно се бори со опасната болест.

– Ракот на мојата мајка е реален проблем. Бев анксиозна во врска со секојдневните подеми и падови. Сите грижи, стресови и молитви ги менувам за реалните проблеми – рекла Тејлор.

Пејачката во „Soon You’ll Get Better“ пее за првата посета на онкологот, како нејзината мајка ги сака медицинските сестри кои се добри кон неа и како ќе ја реновирала кујната пред доаѓањето на мајка ѝ од болница за да се чувствува попријатно во новиот простор.

– Сакам да ви кажам дека оној кој во вашиот живот бил мајчинска фигура ве направил такви какви што сте и бидете благодарни за тоа – вели Тејлор.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Мајка ѝ умрела од рак, а татко ѝ се оженил со куќната помошничка: Мадона никогаш тоа не му го простила ФОТО

saso user

Романтичната комедија „Како да изгубиш момче за 10 дена“ станува серија

saso user

Почина Момо Николоски

saso user