Број на текстови објавени денес: 76
Балкан

Грција под опсада на пожари, избувнале 56 во еден ден

Од петокот во 19 часот заклучно со вчера, исто така до 19 часот, во Грција избувнале 56 шумски пожари во кои интервенирале 693 пожарникари со 273 возила, 21 пешадиски тим и авиони и хеликоптери, а помагале 88 волонтери со 27 волонтерски возила, соопштуваат од Противпожарната служба на Грција, jави дописничката на МИА од Атина.

Пожарите на грчките острови Самос и Китира, денеска се ставени под контрола откако противпожарната служба на Грција цела ноќ се бореше со огнените јазици.

На Самос, во делот од отровот каде што изби пожарот, превентивно беа евакуирани неколку хотели, а туристите со автобуси беа пренесени во затворена спортска сала, каде што ја поминаа ноќта.

Под контрола се ставени и двата пожари на Пелопонез што избија вчера попладне, за кои Противпожарната служба на Грција уапси две лица, за намерно предизвикување пожари.

За три пожари на иста локација на Пелопонез, еден на 18 август и два вчера, уапсен е 43 годишен Грк под сомнение дека намерно ги предизвикал пожарите.

Под исто сомнение, за вчерашниот пожар во областа Месиниа на Пелопонез, уапсен е 47 годишен Грк.

Исто како и за изминатите денови, така и за денес и утре, Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, предупредува за многу висока опасност од пожари во повеќе делови на земјата.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Косовската опозиција се обединува за уривање на Владата на Харадинај

saso user

Син убил татко во Србија

saso user

Ромите денеска го прославуваат Ѓурѓовден

saso user