Број на текстови објавени денес: 79
Спорт

Андерсон нема да игра на УС Опен поради повреда на коленото

Тенисерот од Јужна Африка, Кевин Андерсон, најави дека нема да учествува на УС Опен поради повреда на коленото.

Според „АФП“ 33-годишниот тенисер немал време да се опорави до почетокот на турнирот, а тој ќе биде заменет со Италијанецот Паоло Лоренци.

Андерсон нема настапувано уште од Вимблдон, каде се повреди во третото коло. Тој ги пропушти турнирите во Вашингтон, Монтреал и Синсинати.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Кузмиќ се освести, се чувствува добро

saso user

Мурињо одбил договор од 100 милиони евра

saso user

Серена казнета со 10.000 долари за оштетување на „светата трева“

saso user