Урбани вести

АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО ПОСЕТА НА ОХРИД

Амбасадорката на Соединетите американски држави, Н.Е. Кејт Мари Брнз, вчера оствари средба со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

На средбата се разговараше за добрата меѓусебна соработка, како и за идните планови со кои ќе се продлабочи соработката. Градоначалникот Георгиески, изрази благодарност до амбасадорката за поддршката што низ годините американската амбасада ја дава на општина Охрид во секоја сфера.

Заеднички беше потенцирано, дека во иднина ќе се стави акцент на унапредувањето на соработката во областа на туризмот, негувањето и развивањето на културните врски и поддршка во областа на образованието.

Инаку, ова е прва официјална средба помеѓу амбасадорката, Кејт Мери Брнс и градоначалникот Константин Георгиески.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

СТИХОВИ И ЗВУЦИ ЗА ПРЛИЧЕВ

ohrid_user

Генералки во с.Пештани и с.Лескоец

saso user

Уредена дворната површина од поранешната касарна

saso user