Број на текстови објавени денес: 71
Спорт

Рејмонд Аксел и Алис Франко победници на 33-тиот Охридски пливачки маратон

Рејмонд Аксел од Франција и Алис Франко од Италија се победници на Ултрамаратонот на 25-километри што во рамки на „Гран-при“ серијата на ФИНА денеска се пливаше во водите на Охридското Езеро.

Двократниот светски шампион на 25 километри и рекордерот на Охридскиот маратон од 2013 година кога се пливаше на 32 километри, патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид ја исплива за 5:20:55,25 часа, за неколку завеслаи пред нашиот Евгениј Поп Ацев кој целта ја мина осум секунди подоцна (5:21:03,01). Третото место му припадна на Франческо Џетини од Италија која патеката ја исплива за 5:21:09,28 часа.

Кај жените триумфот заслужено и припадна на Алис Франко, која 25-километарската патека ја исплива за време од 5:41:15 часа, пред второпласиранта Ерика Јенсен од Аргентина (5:42.31) и бронзената Пилар Геихо исто така од Аргентина со остварено време 5:50:30 часа.

На пливачите на целта ги пречека претседателот Стево Пендаровски, под чие покровотелство се организира Охридскиот маратон. Тој најдобрите ги овенча со ловорови венци и медали, како и пехари, а согласно пропозициите за нив е предвиден и награден фонд од 15 илјади долари.

Евгениј Поп Ацев со денешниот резултат избива на првото место во генерален пласман на „Гран-при„ серијата на ФИНА во маратонско пливање на отворени води. Поп Ацев со седум бода предност како како лидер ќе стартува на 20-километарската трка што од Цриквеница до Нови Винодолски во Хрватска ќе се плива идниот викенд. Последна, шеста трка во серијата е закажана за првиот викенд на септември, на патеката Капри-Неапол.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Нејмар заминува за Бразил на рехабилитација

saso user

Зверев ја освои првата АТП наслов годинава

saso user

Роналдо: Не е исто кога го носам дресот на Португалија или на некој тим

saso user