Бизнис

Просечната плата во Словенија 1.108 евра

Просечната нето плата во Словенија во јуни 2019 година била 1.107,96 евра и во реална смисла е за 0,8 проценти пониска од просечната нето плата во мај.

Просечната нето плата во јуни во јавниот сектор на оваа земја членка на Европската унија е 1.306 евра (во јавниот сектор 1,315,64 евра) и за 289,88 евра (22,19 проценти) поголема од платата на приватниот сектор што во јуни изнесуваше 1.016,92 евра.

Според податоците на Заводот за статистика на Словенија, во текот на првите шест месеци од 2019 година просечната нето-плата се зголемила за 3,6 проценти во однос на истиот период лани.

Платите во јавниот сектор се зголемија за 4,5 проценти и за 3,3 проценти во приватниот сектор.

Словенија има највисока просечна плата во однос на сите други земји во регионот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Работодавачи и синдикати бараат нов закон за работни односи

saso user

Седница на Владата: Ќе се воведуваат антикорупциски теми во училиштата

saso user

Косовските такси за македонските производи се погрешни и популистички

saso user