Број на текстови објавени денес: 73
Бизнис

КАС: Увозот од Србија во Косово намален од 12,3 отсто на 0,7 отсто

Според косовската Агенција за статистика (КАС), увозот од Србија во Косово од минатогодишните 12,3 проценти во истиот седуммесечен период, годинава падна на само 0,7 проценти.

Овој пад на увозот од Србија, според професорот по економија Наим Гаши, се должи на воведувањето на 100 проценти царини на стока увезена од Србија и Босна и Херцеговина.

Сепак, Косово се уште има негативен трговски биланс затоа што стоките што не се увезуваат од Србија не се заменети со домашни производи, но продолжуваат да ги увезуваат од други земји.

Во исто време, според КАС, и извозот и увозот забележале раст во јули годинава.

Според истите информации, трговскиот дефицит е зголемен за 5,3 проценти во јули 2019 година, во однос на истиот период во 2018 година.

Трговскиот дефицит во седумте месеци од 2018 година изнесуваше 281,4 милиони евра, додека во истиот период во 2019 година беше 296,3 милиони евра.

Извозот на стока во јули 2019 година изнесувал 40,4 милиони евра, додека увозот достигнал 336,8 милиони евра.

Извозот на Косово во земјите од ЕУ изнесуваше 13 милиони евра, или околу 32,2 проценти од вкупниот извоз, со пораст од 69,2 проценти. Главни партнери за извоз за ЕУ ​​се Австрија (8,9 проценти), Германија (6,5 проценти), Холандија (четири проценти) и Велика Британија (два проценти).

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Македонска компанија е меѓу 30-те најиновативни во Југоисточна Европа

saso user

„Легнаа“ првите 100 милиони евра за 39 фирми

saso user

Банките во добивка: Депозитите со раст од над 11 отсто

saso user