Број на текстови објавени денес: 83
Бизнис

Заев: Екологијата е важна работа, овие четири нови автобуси Прилеп ќе го направат еколошки град

Станува збор за систем кој низ годините што претстојат ќе обезбеди еколошки чист, безбеден и ефикасен јавен сообраќај, на големо задоволство на граѓаните и на општината, рече премиерот Зоран Заев кој денеска учествуваше на свеченоста по повод пуштањето на 4 еко-автобуси кои се вклучуваат во системот на јавниот патнички транспортен систем во Општина Прилеп.

– Екологијата е важна работа во државата и овие четири, нови автобуси навистина Прилеп ќе го направат еколошки град, многу позначаен, знаејќи дека преку тоа го штитиме здравјето на граѓаните. Сакам да им честитам и на сите во Општината, коишто управуваат со општинските пари, за оваа сериозна инвестиција, многу важна, којашто покрај тоа што овозможува еколошки транспорт на граѓаните од една дестинација до друга низ Прилеп, секако ја испраќа пораката до сите нас граѓаните, до целата држава, за еколошките вредности, за важноста за здравјето на граѓаните за коешто треба да бидеме посветени сите ние – истакна Заев.

Премиерот нагласи дека тој, и Владата и понатаму ќе продолжат да се фокусираат на еколошките активности, и да работат заедно со општините на обезбедување квалитетни услуги за граѓаните.

– Сакам да ја информирам јавноста дека ми е драго како претседател на Владата што општините се вклучуваат во сите овие еколошки активности. Владата веќе ја подготвува програмата за супституција во неколку града, којашто ќе почне пред грејната сезона за замена на грејните тела на фосилни горива со високо вредносните инвертори и други системи за еколошко греење и ладење, коешто како огромен проект веќе се развива во владините институции и владините јавни претпријатија – рече премиерот Заев.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Акциите на Бетон Штип се исклучени од берзата

saso user

Колку трошат младите во Британија за кирија, кои градови се најскапи?

saso user

„Северномакедонски јазик“ во документот на Транспорт бил техничка грешка

saso user