Број на текстови објавени денес: 76
Бизнис

Завршени 70 отсто од гасоводниот крак Неготино-Битола

Од 92 километри колку што изнесува кракот на гасоводот од Неготино до Битола досега се поставени 66 километри. Се работи во близина на Новаци и според планот до крајот на септември ќе бидат реализирани 90 отсто или 80 километри од гасоводната мрежа, изјави премиерот Зоран Заев по увидот во изградбата на гасоводот Неготино-Битола.

– Многу е важно во овој процес забрзано да работат и општините, за да ја градат општинската мрежа и гасот што побрзо да го донесеме до компаниите и домовите. Затоа сме овде и со градоначалниците на Пелагонискиот регион. Ги анализираме можностите за субвенции или евтини кредити, за оспособување на внатрешните  инсталации. Гасификацијата ќе донесе намалување на трошоците за енергија и намалени емисии на штетните емисии на гасови во воздухот. Оваа изјава има своја тежина искажана во близина на РЕК Битола, затоа што мерната станица овде ќе биде со најголем потенцијал. Дел од овој гасовод, ќе биде наменет за транзиција на работата на РЕК Битола кога ќе дојде време за тоа, односно кога електрична енергија наместо од јаглен ќе се произведува од гас.Ова е само дел од нашиот план за намалување на загадувањето на воздухот – рече Заев.

Директорот на МЕР Бајрам Реџепи, кој ја презентираше динамиката на изведба на гасоводот, очекува до крајот на оваа градежна сезона да бидат реализирани над 90 проценти од градежните активности.

– Навреме ќе ја завршиме оваа делница, а напролет ќе почнат испитувања за пуштање во употреба на гасоводот. Битола, доколку е подготвена, ќе може веќе од крајот на наредната година да ги приклучува на гасоводот објектите од градот – изјави Реџепи.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ја потврди заложбата за навремено реализирање на гасоводната мрежа.

– Придобивките кои што компаниите ги имат се огромни, ќе се намалат цените за потрошувачка, а со тоа ќе бидат поконкурентни на пазарот. Ќе има и сериозни намалувања на цените во семејствата. Со користењето на овај енергенс, ќе има имас ериозно подобрување на животната средина и граѓаните ќе омаат една од најголемите придобивки во однос на зачувување и подобрување на животната средина – посочи Сугарески.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Газдите ги губат привилегиите – нема да можат да исплаќаат плата во кеш

saso user

Министерството за животна средина со регионален систем за управување со отпад

saso user

Бектеши очекува деновиве да се повлече забраната за извоз на компир и мед во Косово

saso user