Број на текстови објавени денес: 69
Досие Македонија Топ вести

Друже Заев, не ти се виновни новинарите, исчисти си во твоите редови, а потоа обвинувај.

Аферата „РЕКЕТ“, претставува  добра можност да се направи една широка акција за утврдување на потеклото на имотот на сите оние  „тајкуни“ и политичари, кои се споменуваат во оваа афера, но да се прошири на сите оние кои нескриено го покажуваат своето богатство на улиците, хотелите, егзотичните плажи и елитните летни и зимски центри.

Не е тешко да им се утврди патот на парите. Банките се појдовен основ за испитувањето на патот на парите, но и на нив нека се преиспита работата, зошто тие се оние кои при подигање на поголем износ на Кеш и при поголеми меѓубанкарски трансакции, задолжително треба да ја известат финансиската полиција.

Државата тоа го може, но дали тие што владееле, владеат или што ќе владеат, сакаат да го направат тоа? Дали сакаат да воведат владеење на правото, тоа е сосема друго прашање?!

Сите оние кои се споменуваат во оваа афера на било каков начин, треба веднаш да бидат приведени, притворени, затворени, нормално во законита постапка и за секој да важи законот подеднакво. Нека се произнесат буквално сите актери во аферата „Рекет“, зошто на овој начин  произлегува, дека тројца се виновни, а другите се чесни! Е тоа е нечесно и надвор е од секаква правна разрешница….

Рекетарите, одма во затвор. Нивните помагачи заедно со нив. Мора да има почеток на една декларативна желба за владеење на правото, како би можело Северна Македонија, барем за миг да наликува на правна држава.

Организаторот/е, треба прв да биде зад решетки, но секогаш тој последен се дознава, а и има време да се спаси, така да и во многу случаи и не се открива кој е тој и, ако тој би требало пред сите да заврши во затвор, но нели кај нас историски се е поставено обратно пропорционално од нормалното, така и во овој случај!!!

Наместо изјави од типот „нема да дозволам, еден педер и еден суетен новинар да ја рушат Владата“, попаметно на Заев ќе му биде да расчисти и да не дозволи, неговите кадри да прават од него Пируета во уметничко лизгање,зошто на ваков начин, со вакви глупави изјави, не добива поени кај македонскиот народ, туку напротив, се ниша севкупната доверба во Владата на РСМ, дури и кај оние најтврдокорни членови и симпатизери на СДСМ.

Доколку своевремено владееше тезата „Заробена држава“, се боревме против таквото зло, сега над нас надвиснува некакво си ново хермафродитно зло, затскриено зад плаштот, напад на сите „суетни новинари“, кој ете, се дрзнале да мислат поинаку од Заев или друг функционер на СДСМ??!! Доколку „суетните“ новинари се дрзнале да пишуваат за криминали, тоа требало најнапред да го пријават во органите на прогонот, па потоа да пишувале за криминалите?! Добро бре друже Заев, тогаш ајде новинарите да ја земат улогата на обвинители, полицајци, редакциите да ги преименуваме во Јавно Обвинителство, МВР, Финансиско разузнавање, како би можеле дотичните господа од МВР, ЈО, ДБК и други институционални мангупи, слободно да си шетаат, да се гоштеваат по хотели, ресторани, дискотеки, каде остваруваат екстра профити за нивниот домашен буџет, ние новинарите ќе им ја бркаме и нивната работа, за Вие, од власта, веднаш да не етикетирате дека шириме „лажни вести“?!

Нешто како да Владата ги помешала нештата, како да заборавила дека Новинарите се хроничари на едно време, коректори на секоја власт, зошто согласно Устав граѓаните имаат право да бидат информирани и да ја знаат вистината, нели???…

Кога се боревме против „Режим“, сигурно не се боревме да си воведеме само цензура, да се плашиме на секоја вест како би реагирала власта, да примаме нарачани текстови за глорификација на некоја личност, нели тоа беше одлика на „режимот“ кој го испративме во Будимпешта??

Но, да на премиерот му стане појасно, дека не му функционира системот на кој тој се повикува и ги обвинува новинарите, доволно ќе му предочам еден пример:

-Три дена пред „бегството“ на Никола Груевски, ако може да се нарече бегство, имав сознанија, дека Груевски организира бегство. Тогаш се јавив кај висок припадник на МВР, на кого му пренесов, дека имам сериозни информации дека Груевски се спрема за бегство. Дури му посочив и извор од каде е дојдена информацијата. Истиот, ме убедуваше, дека таквото нешто е невозможно и дека Никола Груевски е покриен од страна на службите 24/7. Ден пред бегството на Никола Груевски, повторно контактирав со лицето од МВР и повторно му кажав дека Груевски ќе избега и дека три соседни служби работат на бегството на Груевски. Повторно следуваше истиот одговор „покриен од страна на службите 24/7, ќе си лежи во затвор“. Кога Груевски ја кидна од Македонија, секако со помош од одредени внатрешни служби (знам нешто повеќе), тогаш го запрашав лицето од МВР: „Нешто јорганот краток Ви бил, не сте го покриле целосно?’, но сега одговор не добив, молк…!!!

Токму од овие причини, новинарите не веруваат во институции на систем, дека се спремни да разоткријат криминал, туку сега, ете јавно искажуваме, зошто ако не беше јавното искажување, немаше воопшто да отпочне било каква постапка за случај „Рекет“, но и самата јавна обвинителка Рускоска, при притворањето на Катица Јанева истакна, дека мора да има притвор, случајот имал големи медиумски размери…?!!

Вистината да е поголема и ние новинарите многу случаеви не ги објавуваме, зошто ако објавиме мал дел од оној за кој поседуваме и материјални докази, тогаш друже Заев…ПАДА ВЛАДА.

Сашо Денесовски-Лично

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Груевски, Јанакиески и Ристовски цела ВМРО-ДПМНЕ ја ставиле во функција на протестите и на 27 април

saso user

Заев: Апсолутно не помислувам да ја сменам Катица Јанева

saso user

Токсиколозите наскоро ќе прегледуваат со обезбедување за да се заштитат од шокантните реакции

saso user