Урбани вести

ГОЛЕМ ОДЗИВ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА АНКЕТАТА „ДА ПЛАНИРАМЕ ЗАЕДНО“

Граѓаните зедоа активно учество во пополнување на анкетата „Да планираме заедно“ која oпштина Охрид ја спроведува, со цел да ги земе во предвид мислењата и предлозите на граѓаните, во рамки на изработката на Планот за одржлива урбана мобилност -ПОУМ.

Денес претпладне, беше поставен штанд за пополнување на анкетата пред зградата на општина Охрид, а со цел да се опфатат поголем број  заинтересирани граѓани, попладнево од 18.00 до  20.00 часот ќе биде поставен и штанд на Плоштадот кај Чинарот.

Голема заинтересираност има и за електронското пополнување на Анкетниот прашалник кој е поставен на општинската веб страница.

Планот за одржлива урбана мобилност –ПОУМ се изработува со цел да се оптимизира ефикасноста на сообраќајот, да се подобри мобилноста на пешаците и велосипедистите, да се промовира значењето на е-мобилноста во насока на намалување на емисиите на CO2, да се растовари сообраќајот во централно градско подрачје, да се зголеми нивото на безбедност и сигурност на граѓаните и да се подобри социјалната интеграција и еднаквост.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Хуманитарна праскијада за сиромашни во Градски парк

saso user

ОУ Дебрца доби донација од 150 м3 дрво за огрев

saso user

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО

saso user