Свет

Сопругата на Квентин Тарантино е бремена

Познатиот режисер Квентин Тарантино (56) и неговата сопруга Даниела Пик соопштија дека го очекуваат нивното прво дете.

Тарантино и израелската манекенка-пејачка, која е 21 година помлада од него, периодов се на патувања заради промоцијата на неговиот нов филм „Беше еднаш во Холивуд“, кој досега заработи над 180 милиони долари.

Тие се венчаа кон крајот на минатата година, а се запознаа 2009 година, во Ерусалим, на промоција на „Неславни копилиња“, што исто така, е во режија на Тарантино.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Првпат по три децении во октомври не е примен ниту еден бегалец во САД

saso user

За борба против загревањето на Земјата потребни се 1.000 долари годишно по жител

saso user

Несекојдневна снимка од првите сончеви блесоци над Земјата (ВИДЕО)

saso user