Здравје

Зошто водата од пластично шише кое стоело на сонце не смеете да ја пиете!

Никако не оставајте ја водата и другите пијалаци во пластични шишиња во автомобилот кој е паркиран на сонце, бидејќи топлината го менува составот на напивката во нив.

Автомобилот кој е паркиран на сонце во текот на топлите денови може да биде извор на неочекувана опасност.

Имено, ако температурата надвор е 30 степени Целзиусови, во автомобилот ќе достигне дури 45 степени, и тоа после само половина час мирување.

За време на таквите екстремни температури не е пријатено ни да се седи во автомобилот, а уште помалку да се консумира пијалак од пластичното шише во кое стоел

Бисфенол А и антимон

Студиите покажале дека пластичната амбалажа при загревање испушта штетни соединенија кои се користат при производство на пластика, попозната под името бисфенол А, која во телото го имитира естрогенот, предизвикува хормонална нерамнотежа, а се поврзува и со многу други болести, како дијабетесот. На високи температури пластичната амбалажа предизвикува и испуштање на метал антимон, кој, исто така, може да биде штетен за човечкиот организам.

Пластичните амбалажи чувајте ги секогаш на ладни и суви места за да спречи неочекувани непријатности и проблеми за вашиот организам.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Се’ за храна: Најдобра маринада за сите видови на месо

saso user

Знаете ли колку кофеин внесуваат вашите деца, иако не пијат кафе?

saso user

Ако не можете да направите десет склекови, ви се заканува срцев удар

saso user