Број на текстови објавени денес: 79
Свет

Путин: САД би можеле да распоредат ракети во Романија и во Полска

Претседателот на Русија, Владимир Путин при денешната посета на Хелсинки изјави дека САД се во позиција да распоредат нови крстосувачки ракети на копно во Романија и во Полска и оти тоа Москва го смета за закана на која ќе мора да одговори на соодветен и реципрочен начин.

Пентагон во понеделникот соопшти дека тестираше конвенционална крстосувачка ракета, лансирана од копно и погоди мета по 500 километри лет. Тоа беше прво такво тестирање откако беше суспендиран Договорот за забрана на ракети со среден и мал дострел (ИНФ).

САД се повлекоа од Договорот ИНФ со Русија, откако со години ја обвинуваа Москва за негово кршење со распоредувањето на руски ракети ССЦ-8, кои можат да носат нуклеарно полнење. По повлекувањето на САД и Русија се повлече од ИНФ. Со тоа не важи Договорот за контрола на вооружувањето, со кој беше забрането развивање на ракети земја – воздух со дострел од 500 до 5.500 километри.

Фото: EPA/Alexander

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во Косово невработени 31,4 отсто од работоспособното население

saso user

Каков подарок ќе добие папата од Католичката црква во Бугарија?

saso user

„Да сум 20 години помлад“, 93-годишен ветеран флертува со Меланија (ВИДЕО)

saso user