Урбани вести

РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦА „ЕГЕЈСКА“ ВО ЗАВРШНА ФАЗА

Во текот на нередните неколку дена треба да финишираат градежните активности од Проектот за реконструкција на улицата „Егејска“ од улицата „7-ми Ноември“ до крстосницата со улицата „Железничка“.

Овој проект е дел од Годишната програма за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид и неговата вредност е 9 милиони денари или околу 140.000 евра.

Во рамки на првиот дел од реализацијата на проектот, од страна на екипите на ЈП „Нискоградба“ беше извршено поставување на атмосферска канализација, по што следуваше нивелирање на сите 17 улични шахти.

Во рамки на вториот дел од реконструкцијата, веќе се врши уредување на тротоарите од двете страни на улицата со поставување на нови рабници и бехатон плочки. Тротоарот од едната страна на улицата е веќе комплетно завршен, а останатата тротоарската површина ќе биде поплочена во текот на наредните неколку дена.

Во моментот се врши комлетно асфалтирање на коловозот на улицата, во вкупна должина од 530 метри. Активностите за поставуавње на асфалтот се очекува да бидат завршени во текот на денешниот ден.

Во текот на наредните денови ќе се изврши поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација, со што ќе биде комплетиран целиот проект за реконструкција.

Според планираното, за околу две недели треба да започне и реконструкцијата на улицата „АСНОМ“ од пресекот со булеварот „Туристичка“ до пресекот со улицата „Карпош Војвода“.  Улицата е во ширина од 9 метри и должина од 650 метри, а Проектот за реконструкција предвидува целосно обновување на коловозната лента и уредување на тротоарите.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Георгиески: Господине Донев, Престанете да мислите дека охриѓани имаат кратко помнење како Вас

saso user

ЛАЖНАТА ПРОПАГАНДА НА ДПМНЕ КРАЉЕВО СО ОХРИД 1 И СОЦИЈАЛНАТА ЗГРАДА НА МАМА НАДА?!

saso user

ОХРИД ПРЕТСТАВЕН НА ТУРИСТИЧКИОТ САЕМ ВО ПРИЗРЕН

saso user