Број на текстови објавени денес: 79
Македонија Топ вести

Фетаи за „Рекет“: Не коментирам постапки на други обвинителства

Пред денешниот почеток на судењето за предметот „Титаник 3“, обвинителката Фатиме Фетаи од Специјалното јавно обвинителство одби да го коментира случајот „Рекет“, што го води Јавното обвинителство за борба против организираниот криминал.

– Не би можела да коментирам за тоа. Постапката „Рекет“ ја води друго Обвинителство кое што е надлежно. За тоа навистина не сакам во ниту еден момент да се мешам – нагласи Фетаи.

Таа додаде најважно е тоа дека СЈО продолжува со својата работа.

– Ете денеска имаме судење за предметот „Титаник 3“ кое е пред завршна фаза. Ние си продолжуваме со работа – потенцира Фетаи.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Разрешени Тевдовски, Фазлиу и Лика

saso user

ОХРИД1 И СКОПЈЕ1 ЛИФЕРУВААТ ЛИ ЛАЖНИ ВЕСТИ ЗА ПРОАКВА СО КРАЈНА ЦЕЛ ИЗНУДА ?!

saso user

Изгоре цел кат од зграда во Гевгелија, за среќа нема повредени

saso user