Број на текстови објавени денес: 41
Македонија

Уште 380 наставници ќе бидат спремни за „Училиштата на 21. век“

По првиот циклус обуки, како дел од програмата „Училишта на 21-от век“, спроведена од Британскиот совет и финансирана од Владата на Велика Британија, денеска почнува вториот циклус обуки за раководители на училиштата во Охрид и во Штип, по што на 21 август следува и обука за наставници.

Оваа програма вредна 10 милиони фунти, ќе опфати 380 наставници во 63 училишта во наредните неколку месеци. Исто така, 2.000 micro:bit уреди кои се користат за кодирање, ќе бидат донирани во училиштата во Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Штип, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Кочани и Скопје.

„Резултатите од првиот циклус се одличен показател дека училиштата, Британскиот совет и Министерството за образование вршат одлична работа со оваа програма. На неодамнешниот регионален натпревар за кодирање, што се одржа овој април во Белград како дел од Дигиталниот самит за Западен Балкан, и двата македонски тима освоија големи награди. Училиштето „Блаже Конески“ од Прилеп го освои второто место на натпреварот, додека училиштето „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје ја освои наградата за тимска работа. Децата учат на нов, забавен и интересен начин со користење на џебни micro:bit уреди за кодирање и веќе почнаа да покажуваат добри резултати“, соопштија денеска од Британскиот совет.

Бидејќи добрите наставници се главниот столб на доброто образование, се подвлекува, Британскиот совет се фокусира на обука на наставниците за вклучување на овие нови наставни практики во училниците и им помага на децата да се подготват за иднината.

Програмата „Училишта на 21-от век“ ќе опфати повеќе од еден милион деца во Западен Балкан во следните три години и ќе им помогне да стекнат вештини за креативно решавање на проблемите со помош на критичко размислување и кодирање.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Јанева фрапирана, ќе возврати со обвиненија против функционери во власта и значајни личности во партиите

saso user

Повеќе од 25.000 семејства го чекаат новиот Закон за социјална и детска заштита

saso user

Жена на чело на пензионерите првпат по 73 години

saso user