Број на текстови објавени денес: 77
Бизнис

Трамп не сака соработка со Хуавеј поради национална безбедност

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека поради националната безбедност не сака САД да работи со кинескиот Хуавеј, дури и доколку администрацијата одлучи да го продолжи грејс периодот за таа компанија.

Западните медиуми очекуваат американскиот Оддел за трговија да ги одложи санкциите за компанијата Хуавеј, со што ќе и биде дозволено на фирмата да купува резерви од американските компании, за да може да ги сервисира постоечките купувачи.

Времената дозвола за Хуавеј ќе биде продолжена уште 90 дена.

Трамп вчера нагласи дека не сака да соработува со Хуавеј од безбедносни причини, потенцирајќи дека некои помали делови од работењето на компанијата би можеле да бидат исклучени од забраната, но и тоа, според него, ќе биде компликувано.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во кеш од утре ќе се плаќа само до 500 евра

saso user

Новите програми за финансиска поддршка се подготвуваа во комуникација со производителите на јаболка

saso user

Банкарска гаранција или осигурување на аранжманот – што ќе ги штити туристите?

saso user