Бизнис

Се одлучлува за контрамерка на косовската забрана за увоз на компири и мед

Чекорите што ќе ги преземе земјава по воведувањето забрана за увоз на компир и мед од Косово како реципрочна мерка за воведувањето забрана за увоз на рибен подмладок и икра од Косово ќе бидат познати на средбата што ќе ја одржат денеска министрите за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство Крешник Бектеши и Трајан Димковски со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов.

Ова викендов на прес-конференција во Владата го најави министерот Димковски. Тој, појасни дека нема експлицитна забрана за увоз од Косово и оти во земјава може да се увезува свежа косовска риба, но не и рибен подмладок и икра поради фактот што не спроведуваат мониторинг.

– По состанокот в понеделник ќе биде јасно што ќе преземеме. Косово нема експлицитна забрана за увоз на рибен подмладок и икра и треба само да докажат дека го спроведуваат мониторингот. Воедно, забраната за увоз на рибен подмладок и икра не се однесува само за Косово, туку и за сите останати земји кои немаат мониторинг, бидејќи земјава се подготвува од следната година да добие дозвола за извоз на свежа риба на европскиот пазар – изјави Димковски.

Во Косово годишно се извезуваат до 1.000 тони компири, а извозот на мед е во вредоност од околу 400.000 евра годишно.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Милијардерите поседуваат богатство поголемо од она на 60 отсто население на планетата

saso user

Фирмите добија 236,4 милиони евра поврат на ДДВ во првите седум месеци

saso user

Врие од непотизам во ГТЦ, директорот си вработил баџанак, унапредил братучед

saso user