Број на текстови објавени денес: 41
Свет

Повеќе полицајци во Франција се самоубиле, отколку што загинале на должност

Тројца припадници на интервентната единица, еден висок офицер и предавач на Полициската академија се меѓу осуммината француски припадници на полицијата кои неодамна извршија самоубиство, со што бројот на такви случаи во земјата оваа година се зголеми на 64 лица.

Моментно бројот на полицајци кои сами си го одземале животот е поголем од бројот на оние кои загинале на должност.

– На полицајците им е потребна заштита, сметаат полициските синдикати, кои бараат повеќе помош во спречување на овој тренд, најлош во последните 30 години.

Парламентарната истрага која е објавена минатиот месец покажува дека најчести причини за самоубиства се стресот и очајувањето меѓу припадниците на француската полиција, вклучувајќи го прекувремениот труд по серијата терористички напади во 2015 година, но и често насилните антивладини протести од ноември минатата година.

Извештајот покажува дека бројот на самоубиства во полицијата е дури 36 отсто повисок од оној што е регистриран во целата француска популација.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Загрепчанец влезе во Гинис туркајќи автомобил 85 километри

saso user

Стотици чевли и играчки пред МВР во Букурешт поради исчезнати деца

saso user

Руски тајни шверцувани во вреќичка чај на лет за Венецуела

saso user