Свет

На Аљаска најдена порака в шише напишана пред 50 години

На брегот на западна Аљаска, е најдено шише со порака од руски морнар, напишана пред 50 години, а наскоро потоа е пронајден и авторот.

Тајлер Иваноф, инаку локален жител, сосем случајно наишол на зелено шише, додека собирал огревни дрва во близина на местото Шишмареф, 966 километри северозападно од најголемиот град на Аљаска – Енкориџ. Човекот го објави писмото на Фејсбук, каде пријателите кои разбираат руски ја превеле пораката. Се работи за поздрав од руски морнар од времето на Студената војна, поточно од 1969 година.

Пораката содржи и адреса и молба за одговор од лицето што ќе ја пронајде. Новинарите од руската телевизија „Русија 1“ открија дека автор на писмото е капетан Антолиј Боцаненко.

– Изгледа како мојот ракопис. Тоа е сигурно!, истакна тој. „Ја испратив оваа порака додека бев на бродот „Сулак”, изграден 1966 година и што пловеше до 1970 година“.

Боцаненко се расплакал кога ги видел фотографиите со шишето и писмото.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Повеќе од 2.500 деца во Сирија би требало повторно да се соединат со семејствата во своите татковини

saso user

Казна за претседателот на Словачка за криење на информации за неговата изборна кампања

saso user

Болсонеро: Немав никаква причина да убијам било кого во Рио де Жанеиро

saso user