Спорт

Монако подготвен да плати 65 милиони евра за Икарди

Монако е подготвен да понуди 60-65 милиони евра плус бонуси за напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, пренесува „Фудбал Италија“. Клубот од Кнежеството за играчот планира петгодишниот договор со плата од 12 милиони евра по сезона.

Дваесет и шестгодишниот Аргентинец би сакал да се пресели во Јувентус, но засега има понуда само од Наполи.

Интер би сакал да го продаде играчот во друг шампионат, но сето тоа зависи од желбите на Икарди и неговата сопруга и агентот Ванда Нара.

Минатата сезона Икарди настапи на 37 натпревари за Интер, постигна 17 гола и оствари пет асистенции. Тој има актуелен договор со „неро-азурите“ до 30 јуни 2021 година.

Според порталот „transfermarkt.de“ вредноста на Аргентинецот на фудбалскиот пазар во моментов е 80 милиони евра.

ФОТО: Инстаграм

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Меси доби повик за националниот тим

saso user

Тетекс-Зајас во Тетово ќе играат за хуманитарна цел

saso user

Валверде за Меси: После 30 години, нормално е да се појават мисли за пензионирање

saso user