Број на текстови објавени денес: 76
Македонија

Изгаснат пожарот кај Пинтија

Пожарот кај населбата Пинтија е изгаснат, информираат утринава од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Пожарот избувна вчера околу 11:30 часот во шумскиоит реон над Пинтија и зафати поголема површина мешана шума.

Во гаснењето на огнот беа вклучени и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување кои направија два прелети и фрлија вода кон Сопиште, каде се ширеше пожарот.

Според информациите од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, во моментот на територија на градот нема активни пожари.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Осум граѓани колабирале утрово на јавни места во Скопје

saso user

Претседателот Пендаровски го прими новинарот Бранко Героски

saso user

Обвинителството не открило дека постои трговија со здрави новороденчиња

saso user