Свет

Данската премиерка: Гренланд не е на продажба, а да им се продаде на САД е апсурдно

Гренланд не е на продажба, а идејата да им се продаде на САД е апсурдна, порача вчера данската премиерка Мете Фредериксен откако економскиот советник на американскиот претседател Доналд Трамп  потврди дека Вашингтон е заинтересиран за купување на овој остров.

– Гренланд не е на продажба. Гренланд не е дански. Гренланд му припаѓа на Гренланд. Искрено се надевам дека не се сериозни во намерата – рече Фредериксен за весникот „Сермитсиак“ во текот на посетата на островот што е во составот на Кралството Данска.

Британските медиуми најавуваат дека на почетокот на следниот месец Трамп доаѓа во посета на Данска кога со премиерката Фредирексен и премиерот на Гренланд, Ким Клисен, ќе треба да разговараат за Арктикот.

Економскиот советник во Белата куќа, Лери Кудроу претходно вчера изјави дека Трамп „сака да го разгледа купувањето на Гренланд“ иако од овој остров порачаа дека не се на продажба.

ФОТО: EPA / JENS SCHLUETER

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Бездомно куче како мајка чува мало напуштено маче на депонија кај Славонски Брод

saso user

Гинис: Јапонка од 116 години најстара во светот

saso user

Мета: Единствено решение за Балканот е соживотот и почитувањето на европските стандaрди за малцинствата

saso user