Број на текстови објавени денес: 76
Свет

Белата куќа: Трамп ја разгледува идејата за купување на Гренланд

Економскиот советник на Белата куќа, Лери Кудлоу, денеска потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп „сака да го разгледа купувањето на Гренланд“, иако од овој остров, што е во составот на Кралството Данска, порачаа дека не се на продажба.

Кудлоу за „Фокс њуз сандеј“ кажа дека не сака да предвидува што може да се случи, но изјави дека Гренланд, што се наоѓа меѓу Атланскиот и Северниот Леден океан, „е стратешко место со многу вредни минерали“.

Откако „Вол стрит џорнал“ пред извесно време објави дека Трамп е заинтересиран за купување на Гренланд од Кралството Данска, шефицата на дипломатијата на Гренланд порача дека тој остров не е на продажба.

ФОТО: EPA / JUAN IGNACIO RONCORONI

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

СЗО предупредува на најлоша епидемија на сипаници во последните 13 години

saso user

Британските пратеници ќе гласаат за одложување на Брегзит до 30. јуни

saso user

Азербејџански МИГ падна во Каспиското Море, пилотот исчезна

saso user