Број на текстови објавени денес: 86
Свет

Шојгу: Русија нема да распоредува нови ракети, сѐ додека САД се воздржуваат во Европа и Азија

Русија нема да распоредува нови ракети сѐ додека САД исто така се воздржуваат во Европа и Азија, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
САД официјално се повлекоа на 2 август од договор со Русија за елиминација на нуклеарните ракети со краток дострел и среден дострел (ИНФ), обвинувајќи ја Москва за кршење на тој договор и распоредување забранети видови ракети, што Кремљ негира.

ИНФ беше склучен во 1987 година и со него се елиминираа ракети со дострел од 500 до 5500 километри.

Русија исто така се повлече од договорот, но Шојгу рече дека нема планови за распоредување нови ракети.

– Ќе се придржуваме до тоа. Ако нема такви системи во Европа, нема да сториме ништо таму, изјави тој за телевизијата Росија-24.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Уапсени петмина српски државјани во Франција, ограбиле 150 вили за неколку месеци

saso user

Хрватските гинеколози не извршуваат абортус поради „приговор на совест“, пациентките одат во Словенија

saso user

Затворска казна за братот на иранскиот претседател

saso user