Спорт

Тројца навивачи починаа по откажување на локално дерби во Хондурас

Три лица се убиени, а најмалку десет повредени и потешко повредени по судирите пред националниот стадион Хондурас во Тегусигалпа, јавуваат локалните медиуми.

Судирите започнаа откако локалното дерби меѓу Олимпија Депортиво и ФК Мотагва беше откажано. Причината е што автобусот на ФК Мотагва беше нападнат со камења од ривалските навивачи непосредно пред да влезе во стадионот, пренесува „Ел Хералдо“.

– Седум лица се изнесени од местото на настанот со различни степени на повреди, меѓу кои и три мали деца. Тројца други веќе починаа, рече портпаролката на болницата „Ескуела“ – Лаура Шенер.

Излегува дека настраданите се многу повеќе.

Телевизиите во малата и сиромашна јужноамериканска земја прикажуваат снимки од хаос и насилство, како и навивачи кои навлегуваат во теренот откако натпреварот беше откажан. Тројца фудбалери на Матагва добија лекарска помош по нападот на автобусот.

Двете екипи се од Тегусигалпа и се најпопуларни во градот, а мечот меѓу нив е познат како „Ел Суперкласико“. По првите четири кола, двата тима се на 2-то место (Олимпија) и на 5-то место (Мотагва).

Тројца фудбалери на ФК Мотагва исто така биле прегледани во болница по здобиени повреди на лицето.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Несторовски: Се надевам дека против Австрија ќе успееме да постигнеме гол

saso user

Роналдо ќе паузира една до две седмици

saso user

Ѕвездата на Тотенхем колабира на Миконос (ВИДЕО)

saso user