Македонија

Сѐ уште активен пожарот кај Пинтија, ноќва ќе дежураат пожарникари

Пожарот во Пинтија сѐ уште е активен. Територијалната противпожарна единица на Град Скопје доби помош и од воздух, активирани се и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување.

– Авионите направија два прелети  и фрлија вода кон Сопиште, каде се ширеше пожарот. Нема опасност за ширење на пожарот кон Сопиште, изјави за МИА заменик-командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески.

Тој информира дека ноќва на терен ќе има дежурни екипи на пожарникари, иако теренот е непристапен.

Во гаснењето на пожарот во Пинтија се вклучи и градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски со претставници од Општината. Во гаснењето е вклучено и месното население.

Во моментов активен е само пожарот кај Обиколница Бутел, а изгаснати се пожарите во Долно Блаце и Мојанци.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Автомобил излета од патот Могила-Будаково, петмина повредени

saso user

Заев: Пописот најдоцна во 2020-та или 2021 година

saso user

Милошевски, поранешен функционер во МВР: Битно е што зборува Катица на спикерфонот!

saso user