Број на текстови објавени денес: 76
Свет

Романија ќе воведува данок на бакшиш, по вторпат

Романската влада ќе воведе нов данок на бакшиш во рестораните и хотелите во септември, четири години откако не успеа во првиот обид.

Според претставниците на туристичката индустрија, мерката беше предложена да се зголеми заработката на вработените и да се подобри стабилноста на работната сила.

Министерството за финансии проценува дека оданочувањето на бакшишот  може да ги зголеми фискалните приходи во време на големи фискални дефицити, бидејќи на владата и недостасуваат пари за да се покријат зголемувањето на платите и пензиските трошоци.

Идејата за одданочување за првпат се дискутираше во почетокот на 2015 година, кога владата донесе итна регулатива, принудувајќи ги компаниите да регистрираат бакшиш на посебна фискална сметка и да платат данок на тоа од 16 проценти.

Владата ја укина мерката неколку недели подоцна затоа што романската даночна администрација не беше во можност да обезбеди пристојна контрола на приходите.

Сепак, туристичката индустрија ја поддржува идејата за одданочување на бакшиш.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Запалено „БМВ“ во Батинци, пожарот зафатил уште две возила

saso user

На Аљаска пронајдени над 60 угинати фоки

saso user

Секое сексуално злоставување во Ватикан мора итно да се пријави

saso user