Број на текстови објавени денес: 79
Свет

Над 4.000 приведени во индиски Кашмир, откако се укина уставната автономија

Неколку илјади луѓе се приведени во индиски Кашмир поради стравувања за немири откако Њу Делхи ја укина уставната автономија на Кашмир пред две недели, тврдат владини извори за западни медиуми.

Судија кој побарал анонимност, рече дека најмалку 4.000 лица биле уапсени и задржани според Законот за јавна безбедност, контроверзен закон кој им овозможува на властите да затворат некого до две години без обвинение или судење.

„Повеќето од нив беа протерани од Кашмир затоа што затворите тука веќе немаат капацитет“, рече судијата. Тој додаде дека користел сателитски телефон за да ги собере податоците од колегите низ таа област поради прекин на комуникацијата наметната од властите.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Фејсбук“ очекува рекордна казна поради протекување лични податоци

saso user

Урната статуата на полски свештеник поради обвинение за педофилија

saso user

Осум месеци затвор за лидерот на Штаерска гарда

saso user