Број на текстови објавени денес: 79
Сцена

Почина глумецот Питер Фонда

Американскиот глумец Питер Фонда почина на 79-годишна возраст во Лос Анџелес, соопшти денеска неговото семејство.

– Многу сум тажна. Беше мојот сакан помлад брат. Семеен брбливко. Заедно ги поминавме неговите последни денови. Замина со насмевка – изјави неговата сестра, актерката Џејн Фонда.

Питер Фонда беше син на холивудската легенда Хенри Фонда.

За улогата во филмот „Голи в седло“ беше номиниран за Оскар, а подоцна и за улогата на виетнамски ветеран и пчелар во филмот „Златото на Ули“, за што ја доби наградата Златен глобус.

Почина опкружен со семејството, третата сопруга Маргарет Вогелер и децата од првиот брак, ќерката Бриџит и синот Џастин Фонда.

ФОТО: МИА

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Италијанска манекенка може да го уништи бракот на Роналдо

ohrid_user

Меган Маркл во фустан од Живанши за роденденот на кралицата

saso user

Сопругата на Рамос гола пред камерите: Се појави снимка од стриптизот на Пилар Рубио ВИДЕО

saso user