Бизнис Македонија Топ вести

ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО НА ПРОДАЖБА, ПРЕДНОСТ ЗА КУПУВАЊЕ ИМААТ СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ДИВИТЕ ПЛАТФОРМИ И ПЛАЖИ

Со узурпаторите на јавни површини, не се преговара, со нив треба да разговара јавен Обвинител и надлежен суд, а не градоначалник на град, секако, доколку сме и малку држава, каде владее некаков си Закон. Години наназад како метастазиран Канцер се наметнува темата за и околу диво изградените платформи, како и узурпираните плажи долж обалата на Охридското Езеро. Трагикомична постанува игранката, наречена дивоградби во Охрид, се променаа неколку градоначалници, неколку владини тимови, но заедничко за сите е‘ тоа што сите по ред ,само декларативно се залагаат за отстранување на дивоградбите,  додека истите тие дивоградби, додека властите матат празна слама, истите се надоградуваат, узурпирајќи ги јавните добра  до недоглед?!

ЌЕ СЕ РУШАТ, АМА НЕМА ДА СЕ РУШАТ, ИСТО Е, АМА НЕ Е ИСТО ?!

Трагична е сликата долж обалата на Охридското Езеро, состојбата наликува исто онака, како што своевремено во 19 Век беше на дивиот запад! Доволно е да бидеш близок или партнер со некој од локалната или извршната власт, тоа ти дава за право да узурпираш јавна површина, да си поставиш платформа, да си направиш кафетерија – ресторан, експресно ќе ти приклучат струја, вода, ДПИ, АХВ и УЈП експресно ќе ти издадат решенија за вршење на дејност, тие задоволни, газдите узурпатори уште позадоволни, нефункционалност на правната држава на секоја педа??

Посебен замав узурпацијата на стариот дел на Охрид зема од 2009 година, тогаш стариот дел на Охрид, на потегот од м.в. Стара Библиотека, Ј’нот, Сараиште, па се до Свети Јован -Канео, зема псоебен узурпаториски замав од страна на лица блиски до тогашната, ама богами и досегашната власт. Во делот кој некогаш им служеше за постилање на рибарските мрежи на охридските рибари, поединци блиски до властите, без никаков правен основ, извршиле во дел бетонирање на крајбрежниот дел, а како доградба поставиле платформи длабоко внатре во езерските води и против правно се стекнуваат со неакаков си деловен простор , кој е држвно благо или јавно добро,а сега преставува само нивно лично добро, суспендирајќи ги сите закони за јавни добра?! Тука се безброј така наречени кафетерии тераси, кој обавуваат угостителска дејност, каде остваруваат дебели профити, со енормно високи цени на угостителските услуги, зошто тоа ја имаат таа привилегија, да бидат во вода?!

Иста е сликата и под месноста Свети Јован Канео, култно светилиште, кој поединци си го присвоиле, изградиле платформи, каде обавуваат угостителска дејност. Само до 2009 година ,ова место изгледаше, како на прикажаната слика, чиј автор е познатиот охридски фотограф „Лукан“. На оваа место во 2010 година изникнаа платформи, кој навлегуваат дебело внатре во езерската површина, а кој сопственици на угоститеслките платформи, буквално немаат ниту 1 мкв сопствена површина, но власт си е влст, нели, се е нивно?!

Иста слика е и со плажите долж обалата на Охридското Езреро, на кој договорите за концесии им се истечени веќе 4 години, а истите не само да обавуваат угостителска дејност, туку и покрај истечените концесии, сопствениците јавните добра ги надоградуваат од цврст материјал и сите надлежни испекциски служби молчат??!!

Во делот на строго заштитената зона Ивори на Црни Дрим Кај Свети Наум, или популарно место викано Острово, сликата е уште покатастрофална. Долж изворите изградени платформи, сплавови со маси, столици, каде гостите уживаат, но и обавуваат физиолошки потреби во изворите на строго заштитена еколошка зона, но, и за овој феномен надлежните си молчат, дебелиот профит си го делат?!

Ваква феноименална глупост, може да се сретне само во нашата чудесна Македонија, на ниту едно место во свет, не може да сретнете?!

НЕ Е ДО УНЕСКО, ДО ГЛУПОСТА НА ВЛАСТИТЕ Е’!

Воопшто не е проблем УНЕСКО, таа организација не поседува финансиски средства, како што тврдат домашните експерти.Едноставно, до сега во историјата на УНЕСКО, тие на ниту еден нивни заштитен град не дале финансиски средства за негова заштита. Единствено нешто според програмата на УНЕСКО, властите и државите се должни да се грижат за зачувување на природните и културните ресурси, поточно кај нас РСМ и градот Охрид се должни да се грижат за природната убавина и културните вредности.Тоа не е толку сложено дејствие, единствено нешто кој Владата на РСМ и градот Охрид треба да го направат, е само во делот на владеењето на законите и барем малку сенс за некаква си правна држава, нешто што во РСМ од поодамна е загубено, исто или слично како Диносаурусите. Едноставно нема правна држава, која би требало да се справи со узуршаторските тајкуни, со која замислете, државата преговара?Лудило до бескрај???

НАМЕСТО ДА ГИ РУШИ, ДРШАВАТА И ШТЕТА ИМ ИСПЛАТИ?!

Хипокризијата на невладеењето на правната држава во РСМ оди до тој степен по онаа нардноната :„Луд го е.е збунетиот“?! Така сопствениците – узурпатори на јавни површини, чии објекти беа зафатени од силното невреме во Охрид, од државата РСМ добија надохнада на штета, невремето кое го зафати Охрид и силните бранови, ги разнишале и потопиле дивите платформи. Тогаш Општина Охрид и државата РСМ формираа комисии за проценка на шетети, кој утврдиле штети кај платформите угостителски објекти, а правните лица кој стопанисуваат со нив, добиле надохнада за предизвикана штета од елементрана непогода?! Лудило до бескрај.

Дивите платформи и плажи во Охрид, нема да се рушат, со сопствениците ќе преговара комисија формирана од Општина Охрид, проблемот со УНЕСКО ќе се разводни, а дотогаш многу вода ќе протече низ Охридското Езеро, а жителите, жителите и понатака ќе си раскажуваат на нивните поколенија за една голема глупост, а дотогаш истите узрурпатори, ќе постанат сопственици не само на обалата, туку и на цело Охридско Езеро! Да живее феудална РСМ.

Сашо Денесовски – Лично

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Половина милион граѓани се иселија, а Шекеринска верува дека НАТО ќе ги задржи младите

saso user

Слободни синдикати бараaт минималната плата да изнесува 16.000 денари

saso user

ГТЦ го правел „светски“ трговски центар, уште Бин Ладен му фали!

saso user