Број на текстови објавени денес: 83
Урбани вести

МЕЃУНАРОДНА ИЛИНДЕНСКА РЕГАТА ВО КАЈАК-КАНУ НА МИРНИ ВОДИ „ОХРИД 2019“

Денеска во Охрид започна 19-та ICF-Меѓународна Илинденска регата во кајак-кану на мирни води „Охрид 2019“, која ја организира охридскиот клуб „Стрмец“.

Пред официјалниот старт на регатата, учесниците ги поздрави градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

-Со ваквите спортски манифестации, Охрид испраќа една силна порака за поголема афирмација и промоција на спортот, а особено за развој и поддршка на водените спортови. Очекуваме овогодинешното издание на кајак-кану регатата, да донесе вистинско спортско доживување за сите учесници и дека ќе биде интересно искуство за сите љубители на спортот, кои ќе бидат дел од публиката.

Охридското Езеро со сите свои карактеристики има огромни потенцијали за развој на водените спортови, а ние како Локална самоуправа, ќе ги преземеме сите мерки, кои се во наша надлежност, за да ги подобриме условите за одржување на вакви манифестации и да го поддржиме нивното организирање. Се надеваме, дека овој спортски настан ќе продолжи да се одржува и во иднина, со уште поголем број на учесници и дека значително ќе придонесе за промоција на потенцијалите за развој на спортскиот туризам во Охрид, истакна Георгиески.

Покрај домашните екипи, на регатата учествуваат и екипи од Полска, Бугарија и Србија. Учесниците се поделени во машка и женска категорија и во четири натпреварувачки дисциплини. Во рамки на програмата, предвиден е и меморијален маратон на 2000 метри, во чест на починатите кајакари.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ПРОШИРЕН ПАРКИНГОТ ПРЕД „ГОРНА ПОРТА”

saso user

СЕ ОДРЖА ВОСПИТНО ОБРАЗОВНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА „ДЕТСКИ СЕМАФОР“

saso user

ВМРО ДПМНЕ Охрид со честитка по повод Меѓународниот ден на балканските Египќани

saso user