Сцена

Ленс Бас сѐ уште се надева на близнаци и покрај шест неуспешни обиди

Поранешниот член на „N’ Sync“, Ленс Бас не се откажува од својот сон да го прошири семејството.

Бас се отворил за својот пат кон тоа да се реализира како татко во епизода на Heather Dubrow’s World.

– Блиску сме. Знам дека го повторувам ова секогаш кога сум тука. Долг процес е. Ние поминавме низ седум донаторки, но последниот случај изгледа дека ќе успее. Се надевам во следните неколку недели ќе можам да соопштам вест за славење. Ние се обидуваме да добиеме близнаци, но се уште ништо не е сигурно – изјавил тој.

Бас и неговиот сопруг Мајкл Тарчин дури ги земле во предвид и хороскопските знаци. Тој кажал оти не знае многу околу хороскопот, но слушал дека не е баш најдобро да се биде „близнаци“ во астрологијата.

– Според прогнозите, доколку зачнувањето е сега, хороскопскиот знак би можел да биде „бик“ или „близнаци“. Затоа мора да се направи тоа сега за да се погоди првиот знак – рекол тој.

Бас додал и дека неговиот сопруг ќе биде најдобриот татко на светот.

ФОТО: Инстаграм

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Кејти Холмс го повтори модниот гаф на Кајли Џенер и го потврди неочекуваниот тренд ФОТО

saso user

Протекоа скандалозни детали од свадбата на годината, паднаа тешки обвиненија ФОТО

saso user

Том Круз ѝ забранил на Никол Кидман да присуствува на венчавката на нивниот син поради бизарна причина

saso user