Број на текстови објавени денес: 77
Бизнис

Косовските такси за македонските производи се погрешни и популистички

Одлуката на министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрит Шала, за воведување на забрана за увоз на мед и компири од Северна Македонија, е во најмала мерка популистичка одлука, која е неразумна и е донесена во погрешно време.

Од една страна, се поставува легитимитетот на донесената одлука, затоа што е донесена од Влада која е во оставка, бидејќи Владата во заминување нема право да донесе таква одлука. Косово е во многу тешка положба, и ваквите одлуки се апсурдни и ѝ штетат на иднината на Косово.

Од друга страна, какви се анализите што претходеа на оваа одлука? Дали ќе биде тоа популизам, или станува збор за други интереси, кои навистина му штетат на Косово – како политички, така и економски, социјално и пред сè, во однос на интеграцијата и добрите односи со државите од регионот. Оваа одлука треба да ги засега сите оние кои го гледаат Косово како дел од регионот и сакаат да го видат во едно европско семејство, како земја-модел за добрососедство. Оваа одлука, како и Одлуката од минатата година за воведување на царинска стапка од 100% за производите од Србија и Босна и Херцеговина, придонесуваат Косово денес воопшто да не биде на листата н земји во однос на атрактивноста на привлекување на странски инвестиции, како што покажа и рангирањето на „Фајненшл Тајмс“ објавено пред некој ден.

Сафет Ѓергалиу, економски аналитичар и поранешен претседател на Стопанската комора на Косовo

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Потпишан Меморандум за спречување перење пари, даночни и царински кривични дела со Обединетото Кралство

saso user

Уште денеска и утре потврда или корекција на даночна пријава

saso user

Туристички работници учеа како да ја промовираат понудата

saso user