Број на текстови објавени денес: 77
Бизнис

Димковски: По Ребалансот ќе се исплатат заостанатите обврски за интервентните мерки

Заостанатите обврски за интервентните мерки од претходните години ќе се исплатат по ребалансот на Буџетот, прецизира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

Во одговор на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Владата, Димковски рече дека законска обврска е до крајот на јуни да се исплатат редовните субвенции за земјоделците, а тоа, како што кажа, е направено за сите земјоделци, вклучително и за оризопроизводителите кои денеска протестираат и го блокираа патот Штип – Кочани, барајќи да им бидат исплатени субвенциите од пет денари по откупен килограм ориз што им биле ветени лани.

– На оризопроизводителите лани во периодот од 12 октомври до 5 декември им беа ветени по пет денари за откупен килограм ориз како интервентна мерка. На средбите што ги имавме пред две недели им кажавме дека ќе им бидат исплатени и побаравме дополнителен рок. Заклучно со 30 јуни годинава исплатени се основните субвенции на сите земјоделци, а со прераспределба на средства од програмите успеавме да им ја исплатиме интервентната мерка на јаболкопроизводителите. Им дадовме предност бидејќи нивниот род го предадоа во јануари минатата година, а оризопроизводителите во ноември и декември. Ним и на сите останати ќе им бидат исплатени парите за интервентните мерки по ребалансот на државниот Буџет – истакна Димковски.

Тој побара да не се манипулира со оризопроизводителите и нагласи дека на протестите има само 15 трактори, а во земјава има околу 3.000 оризопроизводители.

За барањето на лозарите за повисоки откупни цени на винските сорти грозје „вранец“ и „смедеравка“ рече дека очекува да се задржат на минатогодишното ниво и додаде дека производната цена на винското грозје зависи од површината, а откупната од понудата и побарувачката.

– Просечните трошоци за производство што ги имаат лозарите изнесуваат околу 90.000 денари по хектар, а Министерството за еземјоделство, шумарство и водостопанство им одобрува по 40.000 денари. Плус лани како интервентна мерка им беа доделени по еден денар за откупен килограм што ќе им бидат исплатени по ребалансот на Буџетот – рече Димковски.

Нагласи дека во земјава нема забрана за откуп на грозје и од странски компании доколку се регистрирани согласно законите и додаде дека според највите во земјава нема да има вишок на грозје и оти целиот род ќе биде откупен.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Сугаревски и Китанов: Одлично напредува изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш

saso user

„Бритиш петролеум“ се повлекува од Аљаска

saso user

За еден ден 500-те најбогати луѓе во светот загубија 2,1 отсто од богатството

saso user