Број на текстови објавени денес: 76
Бизнис

Димковски: В понеделник ќе се знае што ќе преземеме по најавата од Косово за забрана за увоз на компири и мед

По средбата в понеделник со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов ќе се знаат конкретните чекори што ќе ги преземе земјава по воведувањето забрана за увоз на компир и мед од Северна Македонија во Косово како реципрочна мерка за воведувањето забрана за увоз на рибен подмладок и икра од Косово, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

Тој, во одговор на новинарско прашање дали ќе следи трговска војна со Косово на денешната прес-конференција во Владата, нагласи дека нема експлицитна забрана за увоз од Косово и додаде дека во земјава може да се увезува свежа косовска риба, но не и рибен подмладок и икра поради фактот што не спроведуваат мониторинг.

– По состанокот в понеделник ќе биде јасно што ќе преземеме. Косово нема експлицитна забрана за увоз на рибен подмладок и икра и треба само да докажат дека го спроведуваат мониторингот. Воедно, забраната за увоз на рибен подмладок и икра не се однесува само за Косово, туку и за сите останати земји кои немаат мониторинг, бидејќи земјава се подготвува од следната година да добие дозвола за извоз на свежа риба на европскиот пазар – рече Димковски.

Прецизира дека од земјава во Косово годишно се извезуваат од 40 до 1.000 тони компири, а извозот на мед е во вредонст од околу 400.000 евра годишно.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Николовски ги ставил проектите на „лента“, наследникот треба само да ја забрза

saso user

Анѓушев: Создадовме наједноставна постапка за инвеститорите за изградба на фотоволтаици

saso user

Ева Шуклева и Љупчо Зиков – нови директори во МЕПСО

saso user