Број на текстови објавени денес: 0
Здравје

Што да јадете меѓу оброци за да ослабете

Тери-Ен Нанс, чија компанија се занимава со смислување режими на исхрана, верува дека диетите со нискокалорична исхрана можат да ви помогнат да ослабете. Еве што да јадете и кога.

Иако е најлогично да се мисли дека морате да јадете што е можно помалку, а да вежбате колку што е можно повеќе за да изгубите тежина, не е баш така. Тери-Ен Нанс која ја основала компанијата Terri-Ann’s Diet Plans верува дека честото грицкање во текот на денот може да ви помогне да одолеете на ”нездравите“ намирници, за кои посегнувате кога сте гладни.

”Здравите, нискокалорични грицки меѓу оброците можат да бидат корисни и да ви помогнат да изгубите вишок килограми. На тој начин вашето тело ќе има стабилна енергија во текот на денот, намалувајќи ја желбата за намирници што може да ве одведе да изберете некоја нездрава храна”, смета Нанс.

Се разбира, не можете да грицкате било што, мора да бидете внимателни и на внесувањето калории, а нејзиниот совет е да јадете грицки кои содржат помалку од 100 калории.

“Но, ако понекогаш ви треба нешто повеќе, исто така има и грицки кои се релативно здрави, а содржат околу 200 калории”.

Таа верува дека е најдобро да се обрне внимание на нивото на глад во текот на денот, да се утврди кога е најдобро време за грицки. Идеално би било грицките да ги јадете околу еден час пред да станете гладни.

Еве неколку нејзини предлози за здрави грицки

Грицки кои содржат околу 50 калории: мала банана, 15 свежи или замрзнати бобинки грозје, 10 маслинки, околу 30 грама суво грозје, неколку стапчиња морков со хумус, коцка сирење и краставица, јаболко.

Грицки кои содржат околу 100 калории: чаша јогурт, мала кеса пуканки, едно варено јајце, чоколадо со житарки, две тенки парчиња леб со хумус, 20 грама темно чоколадо.

Извор: denar.mk

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

4 лесно достапни намирници против вишокот килограми на стомакот

saso user

Здравите прехранбени навики се стекнуваат пред раѓањето

saso user

Природен антибиотик кој го штити организмот од настинки и вируси

saso user