Број на текстови објавени денес: 60
Свет

Фејсбук снимал разговори преку Messenger

Социјалната мрежа Фејсбук снима разговори на своите корисници, пренесува АФП.

Од компанијата ги давале снимките на другите компании снимките, за да го транскрибираат кажаното.

Фејсбук потврди дека снимале корисници, но додава дека тоа е направено со нивна согласност и практиката е веќе прекината.

Според компанијата, снимките биле тестови за вештачка интелигенција, за да се утврди нејзината способност да се преведе она што е кажано на друг јазик.

Единствените корисници кои биле погодени биле оние кои ја користеле апликацијата Messenger и не забранувале транскрипција на разговори во неа.

Фејсбук неодамна беше казнет со 5 милијарди долари за злоупотреба и складирање на податоци за милиони корисници.

Фејсбук, Амазон и Епл признаваат дека ги снимаат корисниците, давајќи различни објаснувања.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Амал Клуни и британски министер почнуваат кампања за слобода на медиумите

saso user

Оставка поради Брегзит од британската министерка Лидсом

saso user

Ардерн: Тој е терорист, тој е криминалец, тој е екстремист, но кога јас ќе зборувам, тој ќе биде безимен

saso user