Македонија

Убиство во Лисиче: Тинејџер со нож избоде врсник

Седумнаесетгодишно момче го загуби животот откако по расправија која продолжила во физичка пресметка бил прободен со нож од негов врсник. Напаѓачот е пронајден и приведен во полициска станица.

Од полицијата информираат дека 35 минути по полноќ во СВР било пријавено дека на ул.„Февруарски поход“ во скопската населба Лисиче имало расправија меѓу неколку лица со А.Т (18), кој бил во друштво со К.Д (17), која продолжила и со физичка пресметка.

– Во еден момент А.Т. извадил нож и му нанел повреди на Н.Х.(17), кој со визоло на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, каде што починал – појаснија од МВР.

Полицијата го пронашла и привела А.Т. и работи на расчистување на случајот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Преку ден дожд, а ноќеска снег

saso user

Пендаровски-Касами: Да се насочиме кон стратешките цели

saso user

11-годишното девојче за 3 месеци ќе стане мајка – освен силен стрес, има опасност и од компликации

saso user