Спорт

Сала и Ибонсон се задушиле пред авионската несреќа

Високо ниво на јаглерод моноксид е пронајдено во крвта на аргентинскиот играч Емилијано Сала, соопштија истражителите, а според информациите, и пилотот на авионот бил изложен на истиот гас.
Дваесет и осум-годишниот Сала патуваше од неговиот поранешен клуб Нант во западна Франција кон Велс за да му се приклучи на Кардиф, кога авионот „Пајпер Малибу“ исчезна над англискиот канал во јануари. Неговото тело беше пронајдено две недели подоцна, кога беа откриени остатоците од авионот.

Специјален билтен од британската истражувачка единица за воздухопловни сили соопшти дека токсиколошките тестови на крвта покажале дека Сала имал ниво на заситеност од 58% од карбоксихемоглобин – мешавина од јаглерод моноксид и хемоглобин. Изложеноста на јаглерод моноксид може да предизвика оштетување на мозокот, срцето и нервниот систем, а ниво од над 50 отсто на карбоксихемоглобин се смета за потенцијално фатално, предизвикувајќи напади, несвесност или срцев удар.

– Во овој вид авиони кокпитот не е одвоен од пилотската кабина и се верува дека пилотот, Дејвид Иботсон, исто така бил изложен на јаглерод моноксид. Јасно е дека симптомите предизвикани од изложеност на јаглерод моноксид може да ја намалат или способноста или да не дозволат пилотот да управува со авионот при ова високо ниво, се вели во извештајот.

Семејството Сала соопшти дека е потребна детална анализа на остатоците од авионот за да се разбере како навлегол гас во кабината.

– Овие опасно високи нивоа на јаглерод моноксид што се наоѓаат во телото на Емилијано отвораат многу прашања за семејството. Како точно дошло до неговата смрт, конечно ќе се разбере наскоро. Идната безбедност во воздухот зависи од откритијата за овој трагичен инцидент, се заклучува во извештајот.

Британската истражна единица на Воздухопловните сили соопшти дека ќе ги продолжи своите истраги и наскоро ќе објави конечен извештај за случајот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тинејџер му донесе победа на Манчестер јунајтед

saso user

Рајола за Погба: Се надевам дека наскоро ќе има решение кое ќе ги задоволи сите страни

saso user

Лопетеги бара 28 милиони евра оштета од Реал Мадрид

saso user