Број на текстови објавени денес: 60
Македонија

Поранешниот градоначалник на Кавадарци доби уште една пријава, овојпат за катна гаража

Поранешниот градоначалник на Кавадарци, А.П., кај кого пред една недела полицијата при претрес пронајде археолошки монети, денеска доби уште една пријава.

Сега МВР ги сомничи него и уште лица, управители во фирми, за злоупотреба на службената положба и за бесправно градење.

„Поранешниот градоначалник кривичните дела ги сторил во периодот од 2014 до 2016 година на тој начин што како градоначалник на Општина Кавадарци, ја злоупотребил својата службена положба и овластување во врска со градба на модуларна паркинг гаража на улицата 1 Мај на државно земјиште, иако знаел дека за таквата градба нема одобрение издадено од надлежен орган и е исплатена висока фактура за катната гаража, со што направил вкупна материјална штета на буџетот на општината во вредност од 29.773 961 денари“, соопштија од МВР.

Второпријавениот е од фирмата изведувач, а третиот е од фирма која правела надзор. Според МВР, тие работеле иако знаеле дека нема одобрение за градба.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

33 возачи „летале“ 102 непрописно се паркирале

saso user

Воениот оркестар вчера го немаше пред Влада, утре ќе свири со грчкиот

saso user

Столтенберг: Договорот ви го овозможи членството, но реформите беа клучни

saso user