Свет

Помилуван поранешниот градоначалник на Техеран, осуден на смртна казна

Поранешниот градоначалник на Техеран Али Наџафи, кој е осуден на смртна казна поради убиство на својата сопруга, сепак нема да биде егзекутиран. Наџафи (67) на 30 јули беше осуден на смртна казна, бидејќи кон крајот на мај со огнено оружје ја уби својата втора сопруга, 30 години помладата Митра Остад.

Согласно иранскиот закон „кесас“(закон на одмазда), семејството на жртвата може да побара смртна казна, како што стори семејството на убиената Митра. Но братот на покојната денеска соопшти дека неговото семејство одлучило да го повлече барањето со цел Наџафи да биде помилуван.

Поранешниот градоначалник на Техеран сепак останува во затвор, бидејќи е осуден на двегодишна казна поради поседување огнено оружје. Засега не е познато дали смртната казна ќе биде преиначена во доживотен затвор.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Фотографија споделена 34.000 пати: Еве зошто

saso user

Горбачов: Крајот на Студената војна беше заедничка победа, но Западот ја приграби за себе

saso user

За протестите на „жолтите елеци“ мобилизирани 60.000 полицајци

saso user