Број на текстови објавени денес: 60
Македонија Топ вести

Обвинителот Рустеми утре ќе дава исказ за „Рекет“

Обвинителот Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство е повикан да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“.

Од Јавното обвинителство за МИА потврдија дека обвинителот Рустеми е повикан, но поради утрешното судење за „ТНТ“ каде тој го застапува обвинението, сѐ уште не е прецизирано точно време, кога ќе биде сослушан.

Во Обвинителството за организиран криминал од почетокот на неделава искази за случајот „Рекет“ дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.

Обвинителката Лиле Стефановска, заедно со нејзината шефица Катица Јанева, беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.

Од ЈО засега не откриваат дали и кога ќе биде повикана и Јаневa.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Лана се роди со 720 грама и по 94 дена си замина дома од болница

saso user

Северен ветер ќе ја ослабне пролетта

saso user

Во „Вила Водно“ стариот и новиот претседател ќе имаат тет-а-тет средба

saso user