Број на текстови објавени денес: 60
Македонија

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и северен ветер

Времето до крајот на денот ќе биде умерено до значително облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град и силен ветер.

Во Скопската котлина ќе продолжи да биде ветровито со засилен северен ветер, а до крајот на денот ќе има и појава на пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи, претежно во јужните делови. Ќе биде значително посвежо и ветровито со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната од 26 до 33 степени.

Во Скопје променливо облачно и ветровито со засилен северен ветер и темпетраура од 18 до 28 степени.

Во петок сѐ уште ќе има услови за локален дожд. Од сабота следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Заев: „Алтернaтива“ и ДПА согласни да се најде заеднички кандидат за претседател

saso user

Героски: Моето небо, сепак, е зелено!

saso user

Пендаровски најави осум проекти за првите осум месеци како претседател

saso user